Skip to main content
Македонија

Проблематичен ученик од Карпош ја нападнал и гризнал наставничката

12/05/2025  15:00

Поголем дел од учениците од една паралелка во 4-то одделение во основно училиште во Карпош денеска ја бојкотираат наставата затоа што не се чувствуваат безбедни. На настава се само неколкумина, сите други се дома. Во дописот што родителите го испратиле утринава до директорката на училиштето, а кој го доби и „Слободен печат“ се наведува дека нивните деца не се чувствуваат безбедни поради инциденти со меѓуврсничко насилство односно насилно поведение кај еден ученик кое ескалирало во петокот при што нападната била наставничката.

Дошла Брза Помош и наставничката е на боледување. Во медицинската документација стои дека наставничката „за време на вршење на работните обврски била загризана по раката и удирана по главата од страна на ученик“ и дека е уште вознемирена и расплакана.

Детето две години нема образовен асистент, а директорката вели дека родителите одбивале да му биде назначен додека училиштето правело сè што е во нивна моќ за ученикот да добие образовен асистент. 

Повеќе на следниот линк