
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од денеска, 3 јуни 2026 година, приемот на барања за издавање дозвола за привремен престој на странци во Република Северна Македонија, како и издавањето решенија за привремен престој и фотографирањето за лична карта за странец, ќе се реализираат на нова локација.
Услугите ќе бидат достапни во просториите на Македонската телевизија (МТВ), на приземје, секој работен ден во периодот од 09:00 до 15:00 часот.
Од Министерството посочуваат дека оваа организациска промена има за цел да обезбеди поефикасно и побрзо опслужување на граѓаните, како и да се намалат метежот и непотребните гужви при поднесувањето на документацијата.
„На овој начин придонесуваме за поефикасна услуга, без создавање на непотребни гужви, а граѓаните ќе бидат навремено услужени“, соопштија од МВР.
Оттаму додаваат дека Министерството продолжува да работи на подобрување на услугите и останува партнер и вистински сервис на граѓаните.


