Skip to main content
Хроника

Приведено лице од Турција барано со меѓународна потерница за банкарска измама

26/11/2025  13:37

На 21.11.2025 во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Т.Б.(24) од Р.Турција затоа што за него била распишана меѓународна потерница од Интерпол-Турција поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „банкарска измама”.

Тој бил изведен пред ОЈО Скопје и му бил одреден 30-дневен екстрадиционен притвор, по што бил предаден во КПУ Затвор Скопје.