Skip to main content
Хроника

Приведени возач и патник во Тетово – едниот за вршење јавен превоз без документација, другиот за 40.000 евра

18/04/2025  20:39

На 17.04.2025 во 14.00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Х.Ш.(56) од с.Мала Речица, Tетовско и Н.С.(55) од с.Камењане, Tетовско.

При контрола во возилото „ауди“ со тетовски регистарски таблички, кое го управувал Н.С., било констатирано дека вршел јавен превоз на патници без соодветна документација. Додека, при преглед кај Х.Ш., кој се превезувал во возилото, биле пронајдени и одземени околу 40.000 евра во различни апоени. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 279 и член 284-а од Кривичниот законик.