Skip to main content
Хроника

Приведени лица во Гостивар и Тетово за разбојништво и насилство

24/01/2025  20:50

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Н.М. (24) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 01.01.2025 во Гостивар, пријавениот со закана со нож одзел мобилен телефон од А.З. (20) од Гостивар.

СВР Тетово поднесе кривична пријава А.П. (19), С.П. (19), В.П. (25) тројцата од село Брвеница, тетовско, и Б.Ѓ. (19) и Ф.Ј. (19) двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 20.10.2024 во Тетово, пријавените физички го нападнале А.Ѓ., нанесувајќи му повреда.