Skip to main content
Хроника

Приведени две лица во Форино, имале дрога вo возилото

16/07/2026  11:38

На 15.07.2026 во 15:20 часот во с. Форино, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода, Ј.С. (38) и Ј.Ш. (43), двајцата од с.Семениште, општина Сарај.

При преглед во патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, во кое се наоѓале лицата, пронајдена е кеса со бела прашкаста материја. Возилото е одземено, а по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.