Skip to main content
Хроника

Приведени двајца лихвари во Радовиш, еден од нив бил полицаец

06/02/2025  15:15

На 05.02.2025 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од село Ораовица, радовишко, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство” по член 260 став 2 од Кривичниот закон.

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш, врз основа на судска наредба, извршиле и претрес во домот на Д.Г., при што биле пронајдени и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

За настанот се известени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен  обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.