Skip to main content
Хроника

Приведен возач од гостиварско, кој синоќа со возило усмрти пешак

05/09/2025  16:22

На 04.09.2025 во ОВР Гостивар било пријавено дека околу 20:25 часот на регионалниот пат Гостивар – с.Градец, во с.Добридол, гостиварско, патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Г.Б.(30) од с.Врапчиште, гостиварско, удрило во пешакот З.Ш.(65) од с.Добридол. По несреќата, пешакот З.Ш. бил пренесен во Медицински центар Гостивар каде што починал, а лекар констатирал смрт.