Skip to main content
Скопје

Приведен сопственикот на депонијата која гори кај Визбегово – нападната е и ТВ екипа

09/07/2025  11:55

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата која гори повеќе од два часа кај Визбегово, дознава 4NEWS.mk

Во моментот на приведување, сопственикот даде отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка.

Нападната била и телевизиска екипа која прва пристигнала на местото на настанот.

Според првични информации, еден од вработенитеи физички ги нападнал и им ја скршил телевизиската камера.

Пожарот се уште не е локализиран и постои опасност да се прошири кон соседните куќи. Доколку има потреба можна е и евакуација на населението.

Во моментов интервенира еден Ер Трактор.