Skip to main content
Хроника

Приведен 73-годишник од скопско, пукал кон својот брат, нема повредени лица

17/05/2026  14:59

На 16.05.2026 во 23:30 часот, полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје го лишија од слобода Ј.Д.(73) од скопско, по претходна пријава дека истиот ден околу 14:00 часот пред семејниот дом, по претходна расправија околу паркирање на возило, пукал со пиштол кон неговиот 71-годишен брат и неговото семејство.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.