Skip to main content
Хроника

Приведен 40-годишен жител на Свети Николе, пронајдени марихуана и семки од канабис

07/06/2026  11:43

На 06.06.2026 во 11:10 часот во Свети Николе полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Г.М.(40) од Свети Николе.

При извршен претрес, по претходна судска наредба, во неговиот домот се пронајдени и одземени марихуана и семки од канабис.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.