Триесет и тригодишен кумановец бил приведен ноќва поради агресивно однесување кон полициски службеници.
– На 24.01.2025 година во 01.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле С.С. (33) од Куманово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Како што додаваат од кумановската полиција во своето соопштение, по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.