
На 15.08.2026 околу 19:45 часот во Скопје на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.А.(20) од Скопје по претходна пријава дека во спортска обложувалница со закана со остар предмет се обидел да одземе пари од вработената.
По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл.237 вв.19 од Кривичниот законик.
