Skip to main content
Скопје

Приватните автобуси се исклучија од сообраќај

06/10/2025  12:20

Приватните превозници „Јофи Бус“, „Вестор Транс“ и „Радос Компани“ денеска нема да сообраќаат, наведувајќи дека не добиле  поголема сума од онаа за која тврдат дека им се должи. Во 10 часот ги исклучија од сообраќај своите автобуси. Тие велат дека ќе возат како што веќе објавија од 5 до 10 часот додека не им биде намирен долгот од 90 милиони денари од ЈСП.

Според превозниците, вкупниот долг на ЈСП кон нив изнесува 170 милиони денари. Тие велат дека им е кажано оти Град Скопје префрлил дел од средствата кон ЈСП, но не е јасно каде се насочени парите.

Превозниците најавуваат дека ограничениот режим ќе трае додека не се изврши исплатата.