Skip to main content
Хроника

Прилепчанец украл пиштол од полицаец додека го приведувале и избегал

29/04/2025  14:52

Според информациите на МВР, вчера полициски службеници од ОВР Прилеп, додека постапувале по наредба од Основен суд Прилеп за приведување на С.Ќ. на ул.„Дебарца” во населба Тризла во Прилеп, биле физички нападнати од С.Ќ., кој му го одзел службениот пиштол на еден од полициските службеници, и се дал во бегство.

Во исто време, се собрала поголема група на луѓе кои на полициските службеници им упатувале закани и навреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.