Skip to main content
Хроника

Прилепчанец по сторена сообраќајка, нападнал полицаец и се обидел да му го земе пиштолот

09/05/2026  14:18

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.М.(30) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,спречување на службено лице при вршење на работи од безбедноста”.

На 05.04.2026, по претходно случена сообраќајна незгода, во која учествувал под дејство на алкохол, пријавениот агресивно се однесувал и се обидел да одземе службен пиштол на полициски службеник, кој извршувал службени дејствија.