Skip to main content
Македонија

Прилеп се подготвува за Водици

16/01/2026  19:58

Околу 100 верници од Прилеп ќе бидат дел од традиционалното фрлање на Светиот крст во осветените води на Аква базенот во хотелот „Салида“ во понеделник на Богојавление – Водици. Од пријавените, само една е жена.

Во рамките на Општина Прилеп, над 500 верници ќе учествуваат на 20 локации за положување на Светиот крст. Покрај централниот настан, крстот ќе биде положен и во реките и базените во населенијата Селце, Витолиште, Бешиште, Полчиште, Ново Лагово, Загорани, Кадино Село, Мало и Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Галичани, Чепигово, Подмол, Алинци, Тополчани, Плетвар и Штавица.

Утрото на Водици, во црквата „Св. Благовештение“, по пуштањето на гулабите во 6:30 часот и свечената божествена литургија, симболично ќе се фрли Светиот крст и во фонтаната во дворот на црквата околу 9:30 часот. Овој настан е наменет за дечиња до 13 години, кои ќе го извадат крстот од водата.