
На 18.07.2026 во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишија од слобода С.Б.(21) и Е.А.(33), двајцата од Скопје, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во нивните домови, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени 58 кесички со бела прашкаста материја и дигитална вага.
На 18.07.2026 во с.Сарај, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода М.А.(40) од с.Радуша, скопско, затоа што при извршен претрес од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во домот, по добиена судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол „глок“ калибар 9х9 мм, една рамка и 13 куршуми.
По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

