Skip to main content
Хроника

Претрес во Тетово, пронајдена дрога, приведен дилер

22/02/2025  14:35

На 21.02.2025 во 16.55 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(37) од Тетово. При претрес во неговиот дом ипомошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени четири тегли со марихуана, пари во различни апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Лицето било задржано во полициска станица, за настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.