Skip to main content
Македонија

Претежно облачно со локални врнежи, снег на повисоките места

02/12/2025  18:20

Утре времето ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено пообилни во западните и јужните делови на земјата. На повисоките планини дождот ќе преминува во снег, а ветерот ќе дува слаб до умерен од југоисточен правец, соопшти УХМР.

Минималните температури ќе се движат од 2 до 6 степени, додека дневните ќе достигнат од 8 до 12 степени. Во Скопје, се очекува претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и слаб јужен ветер.

Температурите ќе се движат од 3 до 11 степени. Под влијание на циклонска активност, до крајот на неделата ќе преовладува облачно време со повремени локални врнежи, а на повисоките планини дождот постепено ќе преминува во снег. Минималните температури ќе бидат над нулата.