Skip to main content
Македонија

Претепале и изболе 14-годишник во Ченто – Обвинителството предложи мерки за осомничените

06/07/2026  16:32

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје за определување мерки на претпазливост против три лица осомничени за насилство врз малолетник во парк во скопската населба Маџари.

Според првичните сознанија на обвинителството, инцидентот се случил на 22 јуни, кога тројцата осомничени физички нападнале дете родено во 2011 година. Во нападот, малолетникот бил удиран со тупаници и клоци, а му биле нанесени и расекотини по телото со нож.

Обвинителството побарало против осомничените да бидат определени повеќе мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска за повремено јавување кај надлежно службено лице, привремено одземање на патната исправа, како и забрана за посетување на местото каде што се случил нападот.

Дополнително, предложена е и забрана за приближување и воспоставување каков било контакт со оштетеното дете и со неговите родители.

Од Обвинителството информираат дека истрагата продолжува. Во тек се вештачења на пронајдените траги, како и други истражни дејствија насочени кон обезбедување дополнителни докази за целосно расчистување на случајот.