Skip to main content
Македонија

Престрелка во Скопје: Едно лице застрелано по бркотница низ градот

20/03/2025  16:04

Попладнево во селото Моране, Скопје, се случила престрелка во која едно лице е застрелано и пренесено во болница, дознава „Скопје1“. Според првичните информации, повредениот е примен во болницата „Св. Наум Охридски“, каде во моментов му се вршат испитувања.

„Пред пет минути е донесен со прострелна рана, се прават испитувања“, изјави директорот на болницата, д-р Небојша Настов, кој засега нема детали за неговата здравствена состојба.

Неофицијално, пред или по пукањето, низ Скопје се случила бркотница со три возила, од кои два автомобила се идентификувани – „Порше“ и „Голф“. Лицата вклучени во инцидентот наводно се од Батинци и имале нерасчистени односи.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) потврдија дека денеска во 15:15 часот во СВР Скопје било пријавено пукање на влезот во село Моране.

„Веднаш по пријавата, полициски службеници се упатија на местото на настанот и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот“, соопштија од МВР за „Скопје1“.

Истрагата е во тек, а повеќе детали за инцидентот се очекуваат во наредните часови.