Skip to main content
Свет

Премиерот на Гренланд: Ќе продолжам да се залагам за независност од Данска

03/01/2025  14:34

Премиерот на Гренланд, Муте Егеде рече дека ќе продолжи да се залага за независност од Данска, поранешниот колонизатор на островот, и изрази желба да ја зајакне соработката со другите земји.

Во својот новогодишен говор, Егеде нагласи дека народот на Гренланд треба да одлучи за независноста, но не кажа кога би можело да се одржи гласањето.

„Време е да направиме чекор и да ја обликуваме нашата иднина, и во однос на тоа со кого тесно ќе соработуваме и кои ќе бидат наши трговски партнери. Историјата и сегашните услови покажаа дека нашата соработка со Кралството Данска не успеа во создавањето целосна еднаквост“, рече Егеде