Skip to main content
Македонија

Премиерот Мицкоски го пречека хрватскиот колега Пленковиќ

26/05/2026  11:42

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на аеродромот во Охрид го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на земјата.

„Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ.

Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството меѓу Македонија и Хрватска, како и за важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност“, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.

Според агендата, по пречекот во премиерската вила ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата премиери, а во 11:15 часот е предвидена владина билатерална средба во хотелот „Инекс Олгица“.

Потоа се очекува потпишување на договори за стратешка соработка меѓу двете земји. Македонското Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини и хрватското Министерство за економија ќе потпишат меморандум за соработка.