Skip to main content
Македонија

Прекината потрагата по 16-годишното дете во Вардар

24/07/2025  22:28

Потрагата по 16-годишното дете кое попладнево исчезна во водите на реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско, е привремено прекината. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), екипите се повлекле поради недостиг на минимум услови за безбедна и ефективна претрага во текот на ноќта.

„Рано наутро, екипите ќе продолжат со претрагата во взаемна координација“, соопштуваат од ЦУК.

Инцидентот бил пријавен попладнево во СВР Велес, при што било наведено дека две лица, на возраст од 16 и 26 години, потонале во реката Вардар. Пристигнувањето на надлежните служби на терен резултирало со пронаоѓање на 26-годишната девојка жива, но за помладиот исчезнат сè уште се трага.