Search

ПРЕКИН НА ДЕРБИТО РАБОТНИЧКИ – МЗТ, НАВИВАЧ УПАДНА НА ТЕРЕН

ПРЕКИН НА ДЕРБИТО РАБОТНИЧКИ – МЗТ, НАВИВАЧ УПАДНА НА ТЕРЕН

Големото дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје кога двете навивачки групи се во салата не минута без инциденти, така беше и вечерва, натпреварот е прекинат и ќе биде продолжен утре пред празни трибини.

Натпреварот од 19. коло меѓу Работнички и МЗТ Скопје потсети на старите времиња кога „Сити Парк Бојс“ и „Фемили“ создаваа одлична атмосфера во салати. Но не изостанаа и инцидентите.

Во текот на третата четвртина при резултат од 62:50 за Работнички натпреварот беше прекинат. Привичната одлука беше да се испразни трибината со навивачи на МЗТ Скопје поради плуканици на теренот кои неколку пати ги погодија судиите. Но неколку минути подоцна беше донесена одлука мечот комплетно да биде прекинат и да продолжи утре.

Што се однесува до спортскиот дел од мечот, МЗТ Скопје ја доби првата четвртина со 24:22, но во вториот период Работнички се крена одигра фантастично и комплетно го сврте натпреварот. На одморот се замина со предност на домаќинот од 45:35. Мечот беше прекинат на три минути пред крајот на третата четвртина при водство на Работнички од 62:50.

Треба да знаете
Последни објави