Skip to main content
Свет

Преговарачот на Кремљ се врати во САД

31/01/2026  19:54

Преговарачот на Кремљ, Кирил Дмитриев, се врати во Соединетите Американски Држави во пресрет на новата рунда мировни разговори меѓу Украина и Русија, закажани за недела во Абу Даби.

Кирил Дмитриев преговарачот на Кремљ, се врати во САД во пресрет на новиот круг на мировни разговори меѓу Украина и Русија закажани за утре во Абу Даби.

„Повторно во Мајами“, напиша Дмитриев денеска на Инстаграм, завршувајќи ја објавата со емотикон гулаб како симбол на мир. Тој не изнесе дополнителни детали.

На претходните средби, Дмитриев преговараше со специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф.

Разговорите во Абу Даби, кои продолжија минатиот викенд по подолга пауза, имаат цел да се разгледа можноста за ставање крај на војната. Иако двете завојувани страни ги оценија разговорите како конструктивни, сè уште не е постигнат договор за мировен договор.

Клучна пречка останува барањето на Русија Киев да се повлече од делови на источниот регион Донбас, кој првенствено ги опфаќа областите Доњецк и Луганск.

Москва ја бара целата Доњецка област и во моментов контролира нешто помалку од 80 проценти од нејзината територија. Киев досега одбива доброволно повлекување. Соседната Луганска област е речиси целосно под контрола на руските сили.