Skip to main content
Хроника

Прегазен уште еден пешак во Скопје – Повредена е 43-годишна жена

07/03/2025  12:48

Вчера во 09.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ со кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(34), удрило во пешакот Б.П.(43), двете од Скопје.

MK Summit

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.П., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.