Skip to main content
Свет

Познат американски актер е уапсен за убиство на девојче

17/04/2026  22:00

Американскиот рапер Дејвид Ентони Бурк, попознат како D4vd, беше уапсен во четврток под сомнение за убиство на 14-годишно девојче.

Имено, седум месеци откако полицијата во Лос Анџелес го пронајде распарченото и тешко распаднато тело на тинејџерката Селест Ривас Хернандез во багажникот на неговата запленета Тесла, убиецот беше изведен пред лицето на правдата.

Извори од домот на пејачот во Холивуд Хилс изјавија за Ролинг Стоун дека D4vd „целосно соработувал“ кога бил приведен. Одделно, извори од органите за спроведување на законот изјавија дека детективите добиле налог за веројатна причина и го уапсиле Бурк кратко по 4:30 часот наутро.

„Калифорнија пост“ доби видео снимка на која се гледа како тешко вооружени полицајци од полицијата на Лос Анџелес го земаат Бурк со рацете зад грб.