Skip to main content
Македонија

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче паднато во шахта

20/11/2025  14:14

Пожарникарите од Старо Нагоричане спасија куче кое паднало во шахта во двор на основно училиште, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица.

Случајот го пријавиле вработените од училиштето од Младо Нагоричане денеска во 10 часот.

– Во основното училиште во село Младо Нагоричане (маала Ѓорговци) по повик од вработени во училиштето за паднато куче во длабока шахта, ТППЕ Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари до 11:00 часот, информираа од ТППЕ Старо Нагоричане.