Skip to main content
Балкан

Пожар во стан во Загреб, пронајдено e изгорено тело под туш

25/03/2025  11:47

Пожарникарите утринава пронашле изгорено тело во туш кабина во стан во Загреб.

Се започнало кога полицијата побарала од пожарникарите да ја отворат вратата од станот. Полицајците сепак успеале сами да ја отворат вратата од станот и забележале дека во станот има чад.

Пожарникарите пристигнале да ја проценат ситуацијата. При влегувањето во станот утврдиле дека се работи за мал пожар во бањата. Го изгаснале пожарот и под туш кабината пронашле изгорено тело.

Во интервенцијата учествувале две противпожарни возила. Во тек е полициска истрага.