Skip to main content
Хроника

Повторно запалено возилото на поранешниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски

18/12/2024  15:20

Ноќеска на полноќ, на паркинг на улицата Ванчо Китанов во Штип запалено е возило на поранешниот началник на СВР Штип, Боби Гидиоски. Територијалната противпожарна единица во Штип веднаш по пријавата учествувала на гасењето на опожареното возило марка „голф“ сопственост на ќерката на Гидоски, но и тој го користел.

Ова е вторпат да му е запалена кола на Гидиоски, првата беше запалена лани во јули кога тој беше началник на полицијата во Источна Македонија.

За неколку дена ова е второ палење возило во Штип, а за два месеца вкупно се запалени четири возила. Во октомври, во двор од семејната куќа беше запалено возилото на управителот на регионалната телевизија М-Нет, Благој Серсемов, а во други населби беа запалени уште две запалени возила.