
Од вчера почна повторно да работи болничка амбуланта на Попова Шапка, која беше нефункционална од времето на пандемијата со КОВИД-19. Амбулантата е дел од Клиничката болница Тетово.
-Го презедовме овој чекор со кој ќе им пружиме здравствена помош на посетителите и скијачите во оваа зимска сезона, изјави директорот на болницата Агим Бериша
-По барањето на ски центарот се става во функција оваа услуга која беше нефункционална од времето на пандемијата, рече директорот на ски-центарот Абдулгани Алији.
Амбулантата ќе биде отворена до крајот на скијачката сезона
Фото: ски центар Попова Шапка