
Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница.
На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштво ДПД Штип, како и екипи на штипски јавни претпријатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и пробиваат патишта бидејќи станува збор за тежок непристапен терен. На теренот надлетува и еден од „ер тракторите“.



