Skip to main content
Македонија

Повторно е пуштен патот Македонски Брод – Јасен

19/11/2025  20:00

Патот Македонски Брод – Јасен е пуштен за сообраќај во 17 часот, соопшти вечерва АМСМ.

Сообраќајот на овој пат беше во прекин денеска од 08.40 часот поради одрон.

АМСМ претходно соопшти дека поради одрон, сообраќајот на регионалниот пат Маврово-Дебар, кај село Врбјани, од 16:40 часот се одвива по една коловозна лента во должина од 10 метри.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани