Skip to main content
Балкан, Македонија

Повредените од Кочани не биле заштитени – студенти ги тужат Вучиќ и Павловиќ

14/05/2025  19:06

Студентите од Правниот факултет во Ниш денеска поднеле кривична пријава до Вишото јавно обвинителство против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ. Во кривичната е наведено дека неовластено влегле во одделенија за интензивна нега каде биле сместени повреденитe од пожарот во Кочани.

Студентите сметаат дека станува збор за сериозни повреди на законот – загрозување на безбедноста, неовластено фотографирање и објавување на лични податоци, како и злоупотреба на службена положба.

Како што велат студентите, чекале институциите да реагираат, но бидејќи немало никаква реакција решиле да поднесат пријава. Потсетуваат дека Вучиќ на 17 март влегол во интензивна нега во Белград, а Павловиќ следниот ден во Воената болница – и двете посети биле во присуство на медиуми, што, според нив, е спротивно на законите и медицинската етика