
На 02.06.2026 во 11:10 часот во СВР Тетово, од Медицински центар Гостивар е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди биле донесени Х.С.(60) и Р.Р.(36), двајцата од Гостивар. Според пријавеното, тие се здобиле со повредите додека извршувале работни задачи за приватна фирма во населба „Шеста зона” во Гостивар.
Поради сериозноста на повредите, Х.С. е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје, додека Р.Р. е задржан во Медицински центар Гостивар. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од ОВР Гостивар и инспектор од Државниот инспекторат за труд.


