Skip to main content
Хроника

Повозрасна жена удрена од автомобил во центарот на Скопје

11/12/2025  17:31

На 10.12.2025 во 19:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември” е пријавено дека кај нив дошла 62-годишната Ј.Ф. од Скопје, која на 09.12.2025 околу 16:45 часот на крстосница од ул.„Франклин Рузвелт” и ул.„Орце Николов” во Скопје била удрена од патничко возило „тојота” со скопски регистарски ознаки, управувано од женско лице, која потоа ја однела во приватна здравствена установа, а по прегледот заминала во својот дом и не го пријавила случајот.

Полициски службеници од увидна екипа од СВР Скопје со неа извршија службен разговор и се преземаат мерки за расчистување на случајот.