Skip to main content
Македонија

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро

20/05/2026  12:54

Со изведување докази на обвинителите, денеска продолжи судењето за пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

На судењето обвинителите приложија докази – видео снимки и фотографии поврзани со објектот – клубот „Пулс“ од критичната вечер, па и низ годините во минатото кога работел. 

– Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре – беше кажано на денешното судење.

Во судницата беше соопштено дека е повикана Брза помош, затоа што на еден од обвинетите не му било добро, по што е дадена пауза. 

Судењето го води судијката Дијана Груевска – Илиевска.