
Печеното фета сирење во медитерански стил е совршено за вечера со парче тост лепче.
Овој рецепот содржи маслинки. Тие имаат низок процент на јаглехидрати. Содржат олеинска киселина, која е добра за здравјето на срцето. Имаат антиканцерогени својства и придонесуваат за намалување на воспалителните процеси.
Потребни состојки: 230 гр фета сирење, 135 гр зелени маслинки без семка, 60 гр сушени домати, 80 мл маслиново масло, 3 чешниња лук, ½ лажичка сушена мајчина душица, ½ лажичка сушено оригано, ½ лажичка сушен босилок, прстофат мелена пипер, морска сол, свежо мелен бибер и свеж магдонос.
Подготовка: Загрејте ја рерната на 175°C. Ставете го фета сирењето во мал сад за печење. Направете го преливот. Во среден сад измешајте исцедени и преполовени маслинки, исцедени и грубо исечкани сушени домати, маслиново масло, многу ситно исечкан лук, оригано, мајчина душица, босилок, мелена пипер, сол и бибер. Мешајте додека добро не се соедини.
Посипете го преливот врз фета сирењето, осигурувајќи се дека е целосно покриено со течност, а потоа поголемиот дел од маслинките и сушените домати повлкечете ги на страна. Печете 20 до 25 минути, додека фетата не омекне. Доколку сакате, вклучете го горниот грејач 1 до 2 минути за лесно да се зарумени горниот дел од фета сирењето. Само внимавајте да не ги изгорите маслинките и сушените домати.
Декорирајте со свежо грубо сечкан свеж магдонос и сервирајте.