
Соопштение за јавност на СДСМ:
Криминалната власт ја започна последната фаза од кампањата – репресија врз СДСМ и политички прогон.
По Декретот и забраната на слободата на говорот, сега сакаат да апсат. Се обидуваат да ја запрат борбата на СДСМ против криминалот и корупцијата на ВМРО и ЗНАМ, да ја замолчат опозицијата.
Прва фаза, обвини ја СДСМ и нападни ја од надвор со лажни вести и од внатре. Втора фаза, забрана на говор. Трета фаза: репресија и политички прогон.
Copy-paste сценарио по рецепт на СНС.
Целта е јасна – заштита на криминалците во власта од кривична одговорност за скандалите со тендери кои секојдневно ги објавува СДСМ.
Како што беа 161 тендер за една фирма вредни 5,3 милиони евра, 9 милиони евра за друга фира со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендери од Пошта и многу други.
Затоа:
-Власта ги заби канџите и презеде целосна контрола врз судството и обвинителството.
-Се води акција за медиумски напад врз СДСМ, постојано и секојдневно се бомбардира јавноста со лажни вести од кујните на ВМРО.
-Има координирана операција за уривање на СДСМ од внатре, преку поединци како Деспотовски и синхронизирани текстови на Героски за јавно напаѓање на партијата.
-И затоа се исплаќаат рати кон ЗНАМ за предавничка Резолуција преку тендери.
Сега на сите им е јасно. Политичкиот прогон, репресијата и нарачаните судски пресуди се последни подготовки пред изборите наредната година и носењето мигранти.
СДСМ нема запре, борбата против криминалот и корупцијата на ВМРО-ЗНАМ продолжува!
Сите ќе одговарате!

