Skip to main content
Македонија

Последен поздрав за Панчо, погребот ќе се одржи на 16 октомври во Бутел

15/10/2025  16:20


Погребот на Владимир Блажев – Панчо ќе се одржи на 16 октомври 2026 година на Градските гробишта во Бутел, со почеток во 13:30 часот.

Телото ќе биде изложено во црквата „Св. Илија“ во Аеродром, каде што од 9:00 часот ќе започне молитвениот чин со заупокоена литургија.

Граѓаните, пријателите и блиските ќе можат да изразат сочувство од 10:00 до 12:00 часот, по што во 12:00 часот ќе започне опелото.

Панчо ќе биде испратен во вечниот дом со достоинствена церемонија, во присуство на семејството, колегите и бројните пријатели кои ќе му оддадат последна почит.