Skip to main content
Свет

Поскапеа јајцата во ЕУ

17/04/2025  13:03

Трошоците за јајца во Европската Унија беа генерално зголемени за 6,7 проценти во март месец во однос на истиот период минатата година, објави денес Европската статистичка служба – Евростат, пред претстојните Велигденски празници.

Според информациите на Евростат, минатиот месец на годишно ниво, јајцата најмногу поскапеа во Чешка, со импресивен скок од 46 проценти, по што следат Словачка со 29,8 и Унгарија со 26,1 проценти.

Во спротивност со ова, цените на јајцата во споредба со претходната година забележаа пад во Холандија за 3,6 проценти, во Луксембург за 3,2 и во Грција за 2,0 проценти.

Трошоците за јајца бележат постојан пораст од почетокот на годината, така што во јануари тие беа повисоки за 3,4, а во февруари за 4,1 отсто во споредба со истите месеци во 2024 година.