Skip to main content
Македонија

Портокалов аларм: Следната недела температурите ќе паднат и до минус 10

12/01/2025  16:41

Македонија е под влијание на циклон од север, што донесува снег и на повисоките и на пониските места. Најобилни врнежи се очекуваат во северозападните региони, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Со врнежите од снег се очекува значително опаѓање на температурите. Во среда, наредната недела, ќе биде најстудено, со минимални температури кои ќе достигнат до -10°C.

Надлежните уверуваат дека механизацијата за расчистување на патиштата е подготвена, а доколку врнежите станат посилни и се појави голомразица, камионите и тешките возила ќе бидат исклучени од сообраќај.