Skip to main content
Македонија

Пороен дожд и грмежи утре попладне и во понеделник

13/09/2025  14:45

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата. Во понеделник преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 km/h).

Од вторник времето ќе биде стабилно и топло.

Во Скопје, утрепопладне, а особено во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.