Skip to main content
Хроника

Поранешен директор и вработени под истрага за злоупотреба на службени патувања

29/10/2025  19:30

Секторот за внатрешни работи – Скопје поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, поради сомнение дека сторил кривично дело „проневера во службата“ согласно член 354 став 1 од Кривичниот законик.

Според полициските информации, во периодот од 2017 до 2020 година, З.А. во својство на директор повеќепати земал дневници за службени патувања во странство во износ од 50%, иако според важечката Уредба требало да му следуваат само 20%, бидејќи сместувањето и исхраната не биле на товар на институцијата.

Неговиот заменик Ф.М. со потпишување на решенијата за патувања му овозможил незаконски да ги присвои парите, додека дел од административните службеници изготвувале и одобрувале решенија и исплати спротивно на прописите.

На тој начин, според пријавата, З.А. се стекнал со противправна имотна корист во висина од 62.530 денари, на штета на буџетот на Агенцијата за храна и ветеринарство.