Skip to main content
Македонија

Пораката на Филипче секој член сам да одлучи за кого да гласа е високо демократско достигнување во еден изборен процес

31/10/2025  15:55

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека остава на членовите на СДСМ сами да одлучат за кого ќе го дадат својот глас во вториот круг на локалните избори во општините каде партијата нема свои кандидати.

,,Ние нема да навлегуваме, ниту навлеговме, во калкулации или во некакви задкулисни договори. Секој граѓанин, секој член, секој симпатизер има целосно право да одлучи согласно сопственото убедување според тоа кој кандидат носи вредности блиски до социјалдемократската идеја и до социјалдемократските вредности за чесно владеење, за почит, за еднаквост и за развој” рече Филипче.

Оваа порака на лидерот на СДСМ е високо демократско достигнување во еден изборен процес.

Во спротивно, сите обиди за контролирање на гласачите се само метод за лично позиционирање на врхушките и омаловажување на членовите на партијата.

Тајноста и неповредливиста на гласањето е опфатено и во Уставот на државата

Дополнително, со денешниот повик Филипче ги демантира сите шпекулации за наводни договори непринципиелни коалиции и заткулисни игри.