Skip to main content
Македонија

Порака до јавноста од маршот во Кочани: “Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите”

31/05/2025  19:29

Со фотографиите од загинатите чеда во рацете, родителите, семејството, пријателите и јавноста излезе на осмиот по ред марш преку кој се упати порака дека се чека правда. Зад родителите, транспаренти. Овојпат со порака до јавноста: „Ние изгубивме, вие имате уште за што да се борите“. На протестот освен жители на Кочани, дојдоа и од другите градови.

Ова е осми по ред марш кој го организираат. Тие не ја кријат болката, а очекуваат јавноста да ја почувствува и да застане рамо до рамо со нив, за да ваква трагедија не се повтори. Постојано повторуваат дека молчат и се следат, бидејќи даваат шанса.