Skip to main content
Македонија

Поради вежба забрането движење кај месноста Кантурски Рид во Македонска Каменица

04/06/2025  09:13

Поради вежба со огнено оружје движењето на стрелиштето Кантурски Рид во Македонска Каменица на ден 05.06.2025 (четврток) ќе биде забрането. Вежбата како што соопштија од полициската станица во Македонска Каменица ќе се одржи во периодот од 07 до 12 часот.

– Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 5 јуни 2025 година, од 07:00 до 12:00 часот, полицијата од Македонска Каменица ќе одржи вежба со огнено оружје на стрелиштето Кантурски Рид. Во тој период, движењето во и околу локацијата ќе биде строго забрането од безбедносни причини – информираа од каменичката полиција.

Оттаму апелираат граѓаните да ги почитуваат предупредувањата и ограничувањата во горенаведениот период.