
Поради сообраќајна несреќа на патниот правец Ресен – Битола кај Макази сообраќајот е во прекин. Возилата се пренасочуваат по стариот пат, соопшти АМСМ.
Од друга страна, стариот пат е тесен и во лоша состојба, па автомобилите со часови се заглавени во колони.